• петок, 26 април 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - На 18.04.2024 во 23.45 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.З.(18) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот извршил кражба во деловен објект на улицата „Трета македонска ударна бригада“. Е.З бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На  18.04.2024 во 8.40 часот полициски службеници од Крива Паланка го лишиле од слобода Л.М. (19) од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Коце Металец“ во Крива Паланка  при обид да одземе предмети од приватен имот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 18.04.2024 во 19.30 часот на место викано „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, Струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана. Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП "Стрежево" Битола, за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола,  управител на правно лице од Битола. М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП "Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист. 

На 18.04.2024 во 14.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање   на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.04.2024 во 00.05 часот во село Криволак, Неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Ф.М.(20) од истото село, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење... 

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место. 

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци. 

На 18.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани,  В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. 

На 18.04.2024  во 14.15 часот во Полициската станица Карпош, Т.А.(78) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Чаулев“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 18.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан