Мбапе го израмни третиот најдобар резултат по ефикасност кај дебитантите во Ла Лига
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, попладнево постигна гол против Реал Сосиедад во 38. коло од Ла Лига.
Мадрид, 24 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, попладнево постигна гол против Реал Сосиедад во 38. коло од Ла Лига.
Французинот постигна 30 гола во сезоната во шпанското фудбалско првенство.
Мбапе го израмни третиот најдобар резултат по број на голови во својата дебитантска сезона во Ла Лига. Во сезоната 1993/94, напаѓачот на Барселона, Ромарио, исто така постигна 30 гола.
Само напаѓачот на Атлетико Мадрид, Прудент (33 гола во сезоната 1940/41) и напаѓачот на Барселона, Роналдо (34 во сезоната 1996/97) постигнале повеќе голови од Мбапе во нивната прва сезона во Ла Лига. зс/
Фото: ЕПА