• сабота, 29 јуни 2024

Мајката на Мбапе: Веќе знаете кој е следниот клуб на Килијан

Мајката на Мбапе: Веќе знаете кој е следниот клуб на Килијан

Париз, 21 мај 2024 (МИА) - Мајката на фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одби да каже каде нејзиниот син ќе ја продолжи кариерата следната сезона. 

На прашањето за следниот клуб на нејзиниот син, нејзиниот одговор беше: „Веќе го знаете одговорот“.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Најверојатно Французинот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека мадридскиот клуб очекува официјално да објави договор со играчот пред почетокот на Евро 2024 година.

Дваесет и петгодишниот Мбапе настапува за ПСЖ од 2017 година. На 307 настапи во сите натпреварувања, тој постигна 256 гола и 108 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан