Раниери побара од навивачите на Рома да престанат да ги исвиркуваат играчите
- Тренерот на Рома, Клаудио Раниери повика на смиреност околу тимот и смета дека за таа цел играчите треба да бидат заштитени од критики. Поради понудата од неговите сакани „волци“, 73-годишниот стручњак се согласи да ја обнови кариерата откако претходно се пензионираше
Рим, 15 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Рома, Клаудио Раниери повика на смиреност околу тимот и смета дека за таа цел играчите треба да бидат заштитени од критики. Поради понудата од неговите сакани „волци“, 73-годишниот стручњак се согласи да ја обнови кариерата откако претходно се пензионираше.
-Шефовите одлучија дека фигура како мене е многу важна за Рома во моментов. Ми рекоа дека сакаат тимот да си го врати високото ниво и затоа ме повикаа. Се откажав од тренерската работа, но добив многу понуди. Би се вратил само за Рома или Каљари, затоа и го направив тоа сега. Кариерата како фудбалер ја започнав овде и тука ќе ја завршам како тренер.Пред се, јас сум навивач на Рома и затоа сакам симпатизерите да не поддржуваат. Боли кога играш дома и те исвиркуваат. Верувам во среќа и верувам дека кога ќе ги следите своите цели и ќе работите напорно, на крајот шансите ќе бидат на ваша страна, изјави Раниери на својата прва прес-конференција.
Додаде дека ќе разговара со легендата на тимот, Франческо Тоти дали може да помогне, а веќе разговарал со поранешниот тренер, Даниеле Де Роси.
-Неодамна сите овде доживеаја шок, но се надевам дека сега сите заедно ќе работиме во иста насока, изјави Раниери. дс
Фото: Х/ АС Рома