• недела, 22 декември 2024

Манчестер Јунајтед го има најлошиот биланс на трансфер пазарот во последните 10 години

Манчестер Јунајтед го има најлошиот биланс на трансфер пазарот во последните 10 години

Манчестер, 15 ноември 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед беше поврзуван со многу неуспешни скапи трансфери во изминатата деценија и бројките го потврдуваат тоа. Салдото на „црвените ѓаволи“ во однос на приходи-расходи за играчите е -1,3 милијарди евра од 2015 година. Овие инвестиции не се претворија во успех на теренот и тоа доведе до серија отпуштени тренери.

Манчестер Јунајтед плати 200 милиони за играчи само на Ајакс, а најголемиот договор беше потпишувањето на Антони во 2022 година за 95 милиони евра. Бразилецот не ги оправда очекувањата и сега е многу ретко во составот. Клубот е подготвен да се раздели со него, но тоа ќе дојде со огромна загуба.

На второто место во рангирањето за овој период веќе е Челси по огромните суми дадени по доаѓањето на Тод Боели во клубот. За „сините“ разликата во приходите и расходите од трансфери е -1,2 милијарди евра. Сепак, лондонскиот тим постигнаа напредок оваа сезона и некои од младите играчи кои пристигнаа во клубот може да се покажат како добра инвестиција.

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е на третото место со -991 милион евра, а големиот сон - освојувањето на Лигата на шампионите останува фатаморгана. Следни се Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити, а на седмото место е италијански Милан. Нето трошоците на „росонерите“ се 633 милиони. Зад нив се Њукасл, Барселона и саудиски Ал-Хилал, единствениот неевропски клуб во топ 10. Саудиските ривали на Кристијано Роналдо, Ал-Наср се 14-ти на ранг-листата.

На 11-та позиција е Вест Хем, а потоа следуваат Јувентус, Астон Вила и Баерн Минхен кој има нето трошоци од 442 милиони. Расходите меѓу приходите и расходите за трансфери на Ливерпул, кој е 17-ти на рангирањето, изнесува -366 милиони. „Црвените“ во тој период три пати играа во финалето на Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан