• понеделник, 23 декември 2024

Малолетен пешак тешко повреден во Скопје

Малолетен пешак тешко повреден во Скопје

Скопје, 11 февруари 2024 (МИА) - Малолетен пешак ноќеска е тешко повреден кога во него удрило возило управувано од триесет и четиригодишен скопјанец.

Како што соопшти МВР, ноќеска осум минути по полноќ во СВР Скопје, било пријавено дека на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан