• понеделник, 20 мај 2024

Македонските фудбалерки денеска против Косово во Лигата на нации

Македонските фудбалерки денеска против Косово во Лигата на нации

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје ја пречекува селекцијата на Косово во рамки на вториот натпревар во новоформираната Лига на нации.

Дуелот закажан со почеток во 13 часот на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“ е во рамки на групата 5 во Ц-дивизијата во која македонските фудбалерки во воведното коло претрпеа пораз од Бугарија на домашен терен со 1-0.

За денешниот натпревар селекторот Кирил Изов повика 24 фудбалерки меѓу кои отсуствува капитенот Наташа Андонова.

Реваншот против Косово е на програмата на 31 октомври на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, а во завршното коло македонските фудбалерки гостуваат во Бугарија на 5 декември.

Пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации од групата 5 ќе обезбеди само првопласираната репрезентација. ег/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан