• сабота, 29 јуни 2024

Минесота го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Минесота го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Денвер, 20 мај 2024 (МИА) - Минесота тимбервулвс синоќа го победи Денвер нагетс со 98:90 во седмиот натпревар од четвртфиналната серија на НБА плејофот.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј од Денвер кој постигна 35 поени. Неговиот соиграч Никола Јокиќ оствари дабл-дабл 34 поени и 19 скока.

Минесота ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот каде ќе се соочи со Далас маверикс.

Пласман во полуфиналето синоќа избори и Индијана по победата над Њујорк со 130:109 во седмиот натпревар од четвртфиналната пресметка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан