• недела, 30 јуни 2024

Македонските фудбалери ја пречекуваат Грузија во натпревар од Лигата на наци

Македонските фудбалери ја пречекуваат Грузија во натпревар од Лигата на наци
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) – Во дуел од 3. коло Ц-сегмент четврта група, вечер на „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Грузија. Во првите две кола избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа нерешно со Бугарија и забележаа победа над Гибралтар. Со евентуален триумф против Грузијците, „црвено-жолтите“ ќе избијат на првото место во групата. Од друга страна, Грузијците најавија „одмазда“ за поразот на нивни терен во минатиот циклус, во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди на Европското првенство 2020. Билети за натпреварот може да се купат преку „Mk Tickets“ и на Билетарата на источната трибина на стадионот во Скопје. зс/

Остани поврзан