• вторник, 02 јули 2024

Јакин: Целосно доминиравме против Италија и постигнавме голови во вистински моменти

Јакин: Целосно доминиравме против Италија и постигнавме голови во вистински моменти

Берлин, 29 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Швајцарија доминираше во секој дел од играта против Италија и оствари заслужена победа од 2:0 во осминафиналето на Европското фудбалско првенство, изјави селекторот Мурат Јакин, цитиран од сајтот на УЕФА.

- Победивме исклучително важен натпревар и среќни сме. Не сум задоволен само од резултатот, туку и од нашата игра. Целосно доминиравме на теренот и постигнавме голови во вистински моменти, изјави швајцарскиот селектор по победата против Италија. 

Според Јакин, „крстоносците“ се во прилично добра форма, но не треба да „летаат на небото“. 

-Расположението во нашата соблекувална е одлично и мило ми е што можеме да се фокусираме на игрите, без ништо да ни го одвлече вниманието. Ситуацијата е фантастична и играчите работат многу професионално. Имаме неколку дена да се подготвиме за следниот противник. Ќе почнеме да планираме кога ќе го дознаеме името на противникот. Сепак, големиот фокус секогаш е на самите себе како тим, порача селекторот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан