• петок, 22 ноември 2024

Сањол: Фудбалот не е шах, треба да се игра со емоции

Сањол: Фудбалот не е шах, треба да се игра со емоции

Келн, 29 јуни 2024 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Грузија беше отпишана уште пред првиот натпревар на ЕП 2024 година, но дебитантот на континенталното натпреварување направи првокласна сензација, совладувајќи ја Португалија во последното коло од групата Ф, во најмала рака, фаворизирана и како една од четирите најдобри третопласирани селекции помина во нокаут рундата.

Дури и ништо да не направат против моќната Шпанија (30.06, 21:00 часот), играчите од поранешната советска република веќе направија грандиозна работа, вредна за прераскажување. И анализа, особено на оние кои се преценуваат.

-Јас придавам големо значење на дефанзивата, но фудбалот не е математика или шах. Треба да се игра со емоции! Многу е лесно да се мотивираат играчите, но им треба мир. За мене тие се веќе победници на турнирот, има причина за задоволство тренерот Вили Сањол.

Во разговор за медиумите, ден пред пресметката со непоразената „црвена фурија“, селекторот од Франција на шега изјави дека „не се сеќава“ на тешкиот пораз од ривалот од блиското минато (1:7) но и со зборовите покажа дека не се плаши од предизвици.

-Тогаш нè болеше, но можеби поради таа игра сме таму каде што сме сега. Научивме многу таа вечер, овој тим има способност да се подигне кога е долу... Што да кажеме за Шпанија?! Не примија ниту еден гол, тие се најдобриот тим од почетокот на првенството Јасно е дека не можеме само да се браниме, сакаме да и покажеме на Европа дека сме добри со топката во нашите нозе, изјави Сањол, иако знае дека против Шпанците „демне опасност од сите страни“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан