• среда, 15 мај 2024

Лукаку се договори со Јувентус два дена по поразот од Интер во финалето на ЛШ, напаѓачот беше разочаран што на овој натпревар беше на клупата за резерви

Лукаку се договори со Јувентус два дена по поразот од Интер во финалето на ЛШ, напаѓачот беше разочаран што на овој натпревар беше на клупата за резерви

Торино, 6 август 2023 (МИА) - Ромелу Лукаку се согласи да се пресели во Јувентус уште додека беше играч на Интер.

 

Според новинарот Џанлука Ди Марцио првите контакти меѓу заменик спортскиот директор на Јувентус, Џовани Мана и претставникот на Лукаку Себастиен Ледуре се случиле во март оваа година.

 

Тогаш играчот ја забележал информацијата за интересот на „Бјанконерите“, но побарал од клубот да почека до крајот на сезоната. Наводно Лукаку и Јувентус постигнале договор веќе на 12 јуни - два дена по поразот од Интер во финалето на Лигата на шампионите. На одлуката на Белгиецот влијаеше тоа што тој не беше вклучен во стартниот состав на овој меч. Ова го разочара фудбалерот.

 

Претходно се дозна дека Јувентус и Челзи разговараат за размена на Лукаку за Душан Влаховиќ. Како дел од оваа зделка и во Јувентус сакаат да добијат 35-40 милиони евра, но лондонци нудат околу 10 милиони помалку. Страните преговараат за структурата на трансакцијата, која може да вклучува различни бонуси.

 

Се истакнува дека италијанскиот клуб сака да го размени Влаховиќ за Ромелу не само од спортски, туку и од економски. За три години во клубот Белгиецот ќе заработи околу 30 милиони евра помалку од Србинот. Дополнително, продажбата на Душан ќе му помогне на Јуве да ја надомести загубата на приходи поврзани со суспензијата од европските натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан