Лишен од слобода кавадарчанец, поранешната сопруга пријавила физички напад и закани
- Лишен од слобода кавадарчанец, откако неговата поранешна сопруга пријавила физички напад и закани, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Кавадарци, 5 април 2025 (МИА) - Лишен од слобода кавадарчанец, откако неговата поранешна сопруга пријавила физички напад и закани, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода А.С.(71) од овој град, по претходна пријава од неговата 68-годишна поранешна сопруга, дека пред влезот од домот во кој живееле заедно, тој физички ја нападнал и се заканувал. А.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.
Оттаму споделија дека вчера во 11.10 часот во ОВР Кавадарци, Т.М.(18) од Росоман, пријавил дека по претходна расправија бил физички нападнат од Н.Б. Се преземале мерки за расчистување на настанот.
-Синоќа во 22.11 часот во ОВР Неготино, било пријавено дека во училишен двор во село Криволак, неготинско, А.М.(24) физички го нападнал Ф.М.(21), двајцата од истото село. По документирање на настанот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија од СВР Велес.свд/бт/
Фото: МИА Архива