• среда, 14 мај 2025

Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти

Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти

Скопје, 26 април 2025 (МИА) - Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднело кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што денеска информираа од МВР, на 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот.

- Третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли. Од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР. цр/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан