МВР БИлтен
- На 25.04.2025 во 23.30 и во 22.40 часот на подрачјето на Гази Баба и на подрачјето на Радишани, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје и А.А.(19) од Косово затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје, 26 април 2025 (МИА) - На 25.04.2025 во 23.30 и во 22.40 часот на подрачјето на Гази Баба и на подрачјето на Радишани, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје и А.А.(19) од Косово затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Како што денеска соопштија од МВР, по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот. Додека, третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли. Од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.У.(26) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 15.04.2025 на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило кое го управувал.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.М.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.Ш.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 15.04.2025 на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, во патната исправа која ја дал на увид на полицискиот службеник при гранична контрола, ставил банкнота од 10 евра.
На 25.04.2025 во 07.55 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н.(20) од Република Албанија затоа што при гранична контрола било констатирано дека се бара од Интерпол Норвешка. Лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
На 25.04.2025 во 14.59 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,Димитрије Туцовиќ" во Битола, патничко моторно возило удрило во пешакот М.Д.(82) од Битола, по што возачот со возилото го напуштило местото. По несреќата, М.Д. е пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.04.2025 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Р. од Скопје пријавила дека од јавната установа за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ се оддалечила нејзината ќерка М.Р.(11). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 26.04.2025 во 01.45 часот во Полициската станица Виница, В.А.(35) од Виница пријави дека во 01.00 часот пред угостителски објект во Виница Д.И.од Виница го нападнал со стаклен предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.04.2025 во 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.И.(45) од Делчевско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, 24 - годишник од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговиот полубрат Д.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2025 во 09.10 часот во Полициското одделение Сарај, Ш.С.(54) од с.Љубин, скопско, пријавил дека околу 08.30 часот пред неговата куќа во селото, поради нерасчистени имотно - правни односи, Н.С. од с.Сарај го нападнал со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две лица кои со мотор дошле и почнале да пукаат кон лице кое било веќе на локацијата, при што А.С.(31) од Скопје за здобил со прострелна рана и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 16.00 починал. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила. Се преземаат оперативни тактички мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот. цр/
Фото: МИА архива