Лефков: Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели
- СООПШТЕНИЕ: Почитувани, Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија, да не е претседател и тој би се иселил.
![Лефков: Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели](https://new.mia.mk/images/20240301131528_big_730x400_73.webp )
1 март 2024
Почитувани,
Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија, да не е претседател и тој би се иселил.
Стево Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели, и доколку не би бил претседател тоа и би го сторил.
Да ја погледнеме изјавата на Пендаровски дадена пред нешто повеќе од 4 години.
Стево Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата.
И додека тој е претседател, а СДС и ДУИ власт, се повеќе граѓани ја напуштија Македонија, затоа што тука живеат на работ на сиромаштија.
Со оваа изјава Пендаровски потврди дека во Македонија со СДС и ДУИ нема услови за живот за граѓаните и оние кои не се на функции поставени од власта.
Оваа изјава на Пендаровски ја отсликува тажната реалност која ја живеат граѓаните секој ден, и кои секојдневно се борат со оваа власт која го накалеми на позицијата претседател.
Сега истиот овој Пендаровски, кој што признава дека во Македонија со него, со СДС и ДУИ нема услови за живот, сака повторно да биде претседател, и да биде причина за иселувањето на нови десетици илјади наши сограѓани.
Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата. Време е да му порачаме на Пендаровски, Македонците повеќе нема да се селат, време е тој да се исели од Водно.
Прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: ВМРО-ДПМНЕ