• вторник, 05 ноември 2024

Лефков: Пендаровски лажеше дека договорот Бехтел и Енка ќе биде ставен на увид на јавноста, што не се случи

Лефков: Пендаровски лажеше дека договорот Бехтел и Енка ќе биде ставен на увид на јавноста, што не се случи

Скопје, 20 март 2024 

Стево Пендаровски излажа и за договорот со Бехтел и Енка, исто како што лажеше за се друго.

Пендаровски кажа дека договорот покрај министрите ќе го преговараат и граѓански организации, за на крај Артан Груби да биде тој кој далеку од очите на јавноста го испреговара и потпиша договорот, а потоа и сокри под клаузула за тајност.

Да го погледнеме видеото.

Договорот е потпишан, реализација нема. Суштината е дека Пендаровски лажеше и за тоа дека договорот ќе биде ставен на увид на јавноста, што воопшто не се случи.

Пендаровски и се закани дека ако во Собранието се изгласаат законските измени за 60 часовна работна недела за работниците на коридорите тој нема да го потпише указот, за на крај не само што го потпиша, туку и дрско упати порака до сите да се жалат на Уставен суд.

Начинот на кој се потпиша договорот е проблематичен и за ЕУ, каде што Македонија сака да стане земја членка, но тоа не е проблем за Пендаровски се додека ги исполнува желбите на ДУИ и Артан Груби.

Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме.

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан