• сабота, 23 ноември 2024

Курти: За настаните на северот на Косово ќе зборувам подоцна

Курти: За настаните на северот на Косово ќе зборувам подоцна

Приштина, 26 мај 2023 (МИА) - Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција кога новите градоначалници влегоа во зградите на локалната власт во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на прашањата на новинарите за настаните во северно Косово.

Прес-конференцијата на која Курти ќе одговара на новинарски прашања се уште не е официјално објавена, пренесе Бета. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан