• четврток, 28 март 2024

Кумбаро: Албанија догодина домаќин на состанок на Комисијата за Европа на Светската туристичка организација

Кумбаро: Албанија догодина домаќин на состанок на Комисијата за Европа на Светската туристичка организација

Тирана, 3 мај 2023 (МИА) - Албанија идната година ќе биде домаќин на состанок на Комисијата за Европа на Светската туристичка организација. 

Министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро која синоќа учествуваше на тој состанок во Софија рече дека 40 министри за туризам се очекува да учествуваат на состанокот следната година, што според неа е можност да се промовира одржливиот развој на туризмот на највисоко ниво на креирање политики.

Во својот говор, таа истакна дека во 2022 година Албанија пречекала 7,5 милиони странски туристи, рангирајќи се на врвот на земјите со најбрзо закрепнување на туризмот по пандемијата.

Таа ја искористи можноста да и се заблагодари на Светската туристичка организација за одличната соработка.

Во најновата публикација на Светската туристичка организација, Албанија е рангирана на третото место во светот и на првото место во Европа во однос на закрепнувањето на растот на туристичкиот проток во 2023 година во однос на 2019 година, што се совпаѓа со периодот пред пандемијата. вт/

Остани поврзан