Кумановци се информираа за начини за добивање на бесплатна правна помош
- Кумановци денеска имаа можност да се информираат за начините како да добијат бесплатна правна помош. Овие активности се спроведуваат на ниво на државата во рамките на проектот за консолидиран и поефикасен систем за правда, кој го спроведува Советот на Европа и ЕУ во соработка со Министерството за правда.
Куманово, 20 септември 2023 (МИА) - Кумановци денеска имаа можност да се информираат за начините како да добијат бесплатна правна помош. Овие активности се спроведуваат на ниво на државата во рамките на проектот за консолидиран и поефикасен систем за правда, кој го спроведува Советот на Европа и ЕУ во соработка со Министерството за правда.
Граѓаните добија лесно разбирливи материјали за бесплатната правна помош и на информативниот штанд се обратија и побараа од консултантите за некои правни проблеми.
- На информативните настани граѓаните се заинтересирани, немаат доволно информации што опфаќа бесплатната правна помош, кои се условите, кои се начините, када можат да се обратат. Има заинтересираност кај граѓаните, изјави Андријана Марковска, консултант на Совет на Европа.
Граѓаните бараат совети за остварување права од здравствена заштита, социјална помош, семејно насилство, бракоразводни постапки. Кумановци можат да се обратат до подрачната единица на Министерството за правда и до невладините организации. Според Марковска граѓаните можат да добијат општ правен совет, информација и секундарна помош односно адвокат ако ги исполнуваат условите предвидени во Законот за бесплатна правна помош. Според неа досега дале околу 3000 правни совети на граѓаните.ам/лв/
Фото: МИА