• петок, 10 мај 2024

Комесарката на бугарскиот павилјон на 60. Биенале на уметноста во Венеција, д-р Надежда Џакова, се сретна со папата Франциско

Комесарката на бугарскиот павилјон на 60. Биенале на уметноста во Венеција, д-р Надежда Џакова, се сретна со папата Франциско

Софија, 28 април 2024 (МИА/БТА) - Комесарката на бугарскиот павилјон на 60. Биенале на уметноста во Венеција, д-р Надежда Џакова, се сретна со папата Франциско.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Комесарката на бугарскиот павилјон на 60. Биенале на уметност во Венеција, д-р Надежда Џакова, беше меѓу ретките специјално поканети од Ватикан да се сретне со папата Франциско за време на неговата посета на најголемиот форум за современа уметност. Таа беше придружувана од еден од авторките на проектот „Соседи“ - Лилија Топузова, доктор по историја и истражувач на комунистичките режими, извести проектниот тим.

Ова е историски момент за римокатоличкиот свет бидејќи папата Франциско е првиот папа што го посети биеналето во Венеција. Тоа е и негово прво појавување надвор од Рим од септември минатата година и се следи со голем интерес. Како што информираа од Дикастеријата за култура и образование на Ватикан, посетата на папата е еднодневна и вклучува и посета на меѓународната уметничка изложба и посета на павилјонот на Светата столица и изложбата во поранешниот манастир, сега женски затвор - „Јудека“, лоцирана спроти бугарскиот павилјон.

Насловен „Со моите очи“, павилјонот во Ватикан е посветен на темата за човековите права и луѓето кои живеат на маргините на општеството. Кустосите Кјара Паризи и Бруно Расин поканија 10 различни уметници чии дела го испитуваат секојдневниот живот на затворениците.

Инсталацијата се обидува да го привлече вниманието на светот кон игнорираните, истовремено поттикнувајќи културен дијалог.

Посетата „јасно ја покажува желбата на Црквата да консолидира плоден и близок дијалог со светот на уметноста и културата“, рече Кјара Паризи, цитирана од АФП.

Папата Франциско ги покани на средба уметници чии дела се од областа на истражувањето на човековите права. Инсталацијата на Красимира Буцева, Јулијан Шехирјан и Лилија Топузова ја толкува темата на посткомунистичката меморија. „Соседи“ ги истражува премолчените сеќавања на преживеаните од политичкото насилство од времето на социјализмот во Бугарија од 1945 до 1989 година. Користејќи пронајдени предмети, видео и звучен дизајн, инсталацијата ги пренесува приказните на оние кои ги преживеале бугарските логори и затвори.

Оваа средба е огромно признание за Бугарија и бугарскиот павилјон, чиј комесар имам чест, споделува д-р Надежда Џакова и додава: „Соседи“ им дава глас на невидливите, анонимните, маргинализираните. Проектот ја визуелизира меморијата, и дава густина, слика и звук, втиснувајќи се во меморијата на гледачот. Да ги видиме и чуеме овие приказни, бидејќи авторитарните режими од минатото ја загрозуваат и нашата иднина“.

„Уметноста е град засолниште за човештвото. Град кој не се потчинува на владеењето на насилство и дискриминација за да создаде облици на човечка припадност што можеме да ја препознаеме, вклучително и заштита и прегратка на сите“, беа зборовите со кои папата Франциско им се обрати на уметниците собрани во црквата „Ла Мадалена“ на затворот „Јудека“. „На светот му треба

од уметници. Уметниците се дел од светот, но повикани се да го надминат“, се вели во пораката на папата Фрањо.

Уметничкото биенале во Венеција во 2024 година е насловено „Странци насекаде“ и ќе биде отворено до 24 ноември.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан