• петок, 28 јуни 2024

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција
Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) - Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот. Расправата за избор на новата влада во Парламентот траеше два дена. Владата на Ковачевски брои 21 член - од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива. дма/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан