• вторник, 30 април 2024

Книгата „Пехчевска фудбалска хроника“ од авторот Никола Михаиловски промовирана во Пехчево

Книгата „Пехчевска фудбалска хроника“ од авторот Никола Михаиловски промовирана во Пехчево

Пехчево, 13 април 2024 (МИА) - Во Пехчево се одржа промоција на книгата „Пехчевска фудбалска хроника“ од авторот Никола Михаиловски. Организатор на промоцијата беше Матична библиотека „Кочо Рацин“,  а истата се одржа во просториите на пензионерскиот дом во Пехчево.

Како што истакна директорката на библиотеката Габриела Костадинова, книгата е одлично дело кое опфаќа значаен период од фудбалското минато во малото малешевско гратче.

-Во издание на Општинска установа - Матична библиотека „Кочо Рацин", денеска во просториите на пензионерскиот дом во Пехчево се одржа промоција на книгата „Пехчевска фудбалска хроника" од нашиот сограѓанин Никола Михаиловски- поранешен претседател на фудбалскиот клуб „Напредок" од Пехчево. Во книгата се опишуваат случувањата на фудбалот во Пехчево и околните села. Честитки до авторот што дочека неговата желба да стане реалност, рече Костадинова.

Како што беше кажано на промоцијата, ова е книга која ќе остане како траен белег да сведочи за значајните личности, настани и резултати од фудбалскиот спорт. 

-Книгата воедно претставува историја за идните генерации на Општина Пехчево. Честитки и до уредникот Иван Станоевски и промоторот Атанас Костовски, додадоа промоторите на делото.

Од понеделник книгата ќе се најде на полиците на матичната библиотека во Пехчево. вс/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан