• вторник, 02 јули 2024

Клоп: Среќни сме за враќањето на Ван Дајк

Клоп: Среќни сме за враќањето на Ван Дајк
Ливерпул, 20 август 2021 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите размислувања за враќањето на дефанзивецот Вирџил ван Дајк кој закрепна од повредата. Фудбалерот учествуваше на натпреварот од првото коло во Премиер лигата против Норвич (3:0). - Не бев изненаден. Тој имаше четири и пол недели тренинзи пред почетокот на сезоната. Играше исто како што тренираше, така што ние сме многу среќни што го имаме назад, изјави Клоп за „Би-Би-Си Спорт“. Во сезоната 2020/21, Ван Дајк одигра осум натпревари за „црвените“ и постигна еден гол. Играчот немаше официјален натпревар од октомври 2020 година поради повреда на коленото на натпреварот против Евертон. На 13 август, Холанѓанецот го продолжи договорот со Ливерпул до 2025 година. зс/

Остани поврзан