• недела, 14 декември 2025

Кливленд без Мобли следните 2-4 недели

Кливленд без Мобли следните 2-4 недели

Кливленд, 14 декември 2025 (МИА) – Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Еван Мобли, ќе отсуствува од 2-4 недели поради повреда на левата нога, објави клубот од НБА-лигата.

Дваесет и четиригодишниот Американец повреди мускул на левата потколеница во победата над Вашингтон со 130:126.

Мобли одигра 25 натпревари во сезоната 2025/26 и има просек од 19,1 поени, 9,3 скока, 4,1 асистенции, 1 украдена топка и 1,6 блокади.

Кливленд е шести во поредокот во Источната конференција на НБА-лигата со 15 победи и 11 порази по 26 одиграни средби. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан