• петок, 28 јуни 2024

Кинескиот министер за одбрана во Сингапур го повтори цврстиот став на Пекинг за Тајван

Кинескиот министер за одбрана во Сингапур го повтори цврстиот став на Пекинг за Тајван

Сингапур, 2 јуни 2024 (МИА) - Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска го повтори цврстиот став на Кина за кинескиот регион Тајван, додавајќи дека „секој што ќе се осмели да го одвои Тајван од Кина, врши самоуништување и ќе биде растргнат“.

Говорејќи на дијалогот Шангри-Ла, безбедносен форум што се одржа во Сингапур, на кој присуствуваа претставници на одбраната од целиот свет, Донг истакна дека прашањето на Тајван е во суштината на клучните интереси на Кина и дека справувањето на Пекинг со прашањето на Тајван е целосно прашање на внатрешните работи на Кина, која не толерира никакво странско мешање, пренесува „Глобал Тајмс“.

-Кинеската Народноослободителна армија ќе остане силна и огромна сила во заштитата на националното единство, бидејќи ќе бидат потребни навремени, решителни и насилни акции за да се ограничи „независноста на Тајван“, рече Донг.

Во Сингапур се одржува безбедносната конференција „Шангри-ла дијалог“, а на неа учествуваат претставници од околу 50 земји.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан