• сабота, 29 јуни 2024

Повторно нападнат брод во Црвеното Море во близина на Јемен

Повторно нападнат брод во Црвеното Море во близина на Јемен

Ходеида, 28 јуни 2024 (МИА) - Брод кој пловел по Црвеното Море денеска бил нападнат со ракети, но нема штета. но тие не го потврдија тоа. Властите на Јемен соопштија дека нападот најверојатно го извеле бунтовници од движењето Хути, но тие тоа не го потврдиле.

Пет проектили паднале во близина на бродот додека минувал во близина на пристанишниот град Ходеида во Јемен, контролиран од бунтовниците, соопшти Центарот за поморски трговски операции на британската војска (УКТМО).

Како знак на поддршка за Палестинците против кои Израел води војна во Газа, Хутите досега гаѓаа повеќе од 60 бродови со проектили и беспилотни летала за кои тврдат дека се поврзани со Израел, САД и Велика Британија. Сепак, многу од нападнатите бродови имаат мала или никаква врска со војната меѓу Израел и Хамас, вклучително и некои поврзани со Иран.

Од ноември тие потопија два брода и запленија еден. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан