• понеделник, 01 јули 2024

Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност

Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност

Вашингтон, 29 јуни 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека кај неговиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден, годините не се проблемот „туку неговата способност“.

„Дали некој гледаше нешто што се нарекува дебата? Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во Вирџинија за Бајден, нарекувајќи го „корумпиран и неспособен“, пренесува Си-Би-Ес.

Како што наведуваат странските агенции, настапот на претседателот Бајден во дебатата вознемири многу демократи, а дебатата дојде во време кога многу Американци веруваат дека Бајден, кој сега има 81 година, можеби е премногу стар за да ја води земјата уште четири години. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан