• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина ја критикува американската политиката на воведување зголемени царини и бара соработка

Кина ја критикува американската политиката на воведување зголемени царини и бара соработка

Пекинг, 4 март 2025 (МИА) - Официјален Пекинг денеска ја осуди одлуката на САД да ги удвојат царините на кинеските производи, истакнувајќи дека ако САД сакаат да започнат царински или трговски војни, или каква било друга војна, Кина е подготвена целосно да одговори, јави ДПА.

Претставникот на Министерството за надворешни работи, Лин Џиан, рече дека Кина ги отфрла американските мерки и дека контрамерки се неопходни заради заштита на кинеските права и интереси.

- Притисокот, принудата и заканите не се правилен начин за решавање на прашањата со Кина, додаде Лин. Тој ги советуваше САД да се вратат на патот на дијалог и соработка.

Претседателот на САД Доналд Трамп претходно издаде декрет за удвојување на царините на увозот на стоки од Кина, согласно одлуката донесена во февруари.

Кина одговори со најавување контра царини на земјоделските производи и други мерки против американските компании. Ова го поставува сценариото за нова трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот, која потсетува на трговскиот конфликт од 2018 година за време на првиот претседателски мандат на Трамп, потсетува ДПА.ссм/

фото: архива

Остани поврзан