• сабота, 27 јули 2024

Кејт Мидлтон забележана во јавност првпат откако направи пауза од своите обврски

Кејт Мидлтон забележана во јавност првпат откако направи пауза од своите обврски

Лондон, 4 март 2024 (МИА) – Фотографи ја снимија принцезата од Велс Кејт Мидлтон за првпат откако беше хоспитализирана на почетокот на оваа година, јавија светските медиуми.

Принцезата од Велс е видена денеска како се вози во автомобил со нејзината мајка Керол во близина на замокот Виндзор, пишува Ју-Ес Ти-Ем-Зи.

Ова е првпат медиумите да ја видат принцезата од декември минатата година.

На фотографијата се гледа дека Кејт носи темни очила и изгледа како да се смешка.

Социјалните мрежи изминатите денови беа преполни со разни теории на заговор и тврдења поврзани со нејзината операција, закрепнувањето, и фактот што беше најавено дека ќе закрепнува до Велигден според јулијанскиот календар.

Мидлтон беше еден од најпребаруваните поими на Твитер.

Бакингемската палата одби да коментира за нејзиното закрепнување и не даде никакви дополнителни информации, освен дека принцезата се чувствува добро. јт/

Фото: Х

Остани поврзан