• понеделник, 23 декември 2024

Какво влијание ќе има нормализацијата спонзорирана од Трамп?

Какво влијание ќе има нормализацијата спонзорирана од Трамп?

25 септември 2020

Ал Џезира, Сараево Нормализацијата на односите меѓу Израел и земјите од Заливот веројатно нема да го реши арапско-израелскиот конфликт.

Не е тајна дека американскиот претседател Доналд Трамп е опседнат со поништување или имитирање на наследството на неговиот претходник, Барак Обама. Трамп сега сака да го победи политичкиот наследник на Обама, Џо Бајден, на претстојните претседателски избори и сака да склучи доволно мировни договори за да ја добие неостварливата Нобелова награда за мир, исто како Обама во 2009 година. Како што почнаа да опаѓаат бројките на неговите анкети, надворешно-политичките „победи“ станаа уште попотребни за да се сврти вниманието од политичките проблеми дома и да се подобри неговиот рејтинг. Затоа, Трамп им порача на своите советници да бараат можности за постигнување договор низ целиот свет пред претседателските избори во 2020 година. Угодувањето на Израел е во центарот на фиксацијата на претседателот за собирање  надворешно-политички договори како трофеи, нивно објавување на Твитер и позирање со страните вклучени во фотографиите во Овалната канцеларија, за да можат американските гласачи од прва рака да гледаат како тој ги покажува своите вештини во „уметноста на склучување договори“. Во изминатите неколку недели, американскиот претседател беше доста зафатен. На 13 август тој имаше тристран телефонски повик со лидерите на Емиратите и Израел за да го запечати договорот за нормализирање на односите. Помалку од две недели подоцна, надевајќи се дека ќе постигне голем арапско-израелски договор за нормализација, тој го испрати државниот секретар Мајк Помп на турнеја во Судан, Бахреин и Оман. Трамп потоа ги повика лидерите на Србија и Косово на 4 септември поради договорот за економска нормализација што може да заврши со дополнително комплицирање на ситуацијата на Балканот, додека двете земји на чуден начин го прифатија Израел без јасна политичка причина. Неговата администрација исто така го турка кревкиот Либан да потпише договор за разграничување на границата со Израел во следните неколку недели. Белата куќа повлече и некои врски за да го направи Бахреин втора заливска држава која ќе ги нормализира односите со Израел. Оваа дипломатска офанзива во пресрет на изборите во САД е добра илустрација на тенденцијата на Трамп да меша креирање политики со кампања и да води пропагандна машина со пристап на култ кон личноста, без оглед на негативните последици дома или во странство. И ваквите последици се сосема извесни. Дали гоговорите за нормализација се важни? Нормализацијата на односите меѓу ОАЕ и Бахреин од една страна и Израел од друга страна е кулминација на кумулативниот процес што се чува претежно зад затворени врати со години. Кога Трамп дојде на власт во 2017 година, тој усвои стратегија за градење континуирано зближување зад сцената помеѓу некои заливски држави и Израел. Тој сакаше да склучи „мировен договор“ меѓу Израелците и Палестинците за да се овозможи формална арапско-израелска коалиција против Иран. Откако го преплавија Израел со бесплатни подароци, како што беше признавањето на Ерусалим за главен град на Израел и казнување на Палестинците за тоа што го одбија, првата фаза од оваа стратегија започнув да мирува. Во меѓувреме, Нетанјаху одржуваше избори едни по други за да избегне американски притисок за да се направат некои отстапки на Палестинците. Администрацијата на Трамп беше принудена да ги напушти обидите за решавање на палестинско-израелскиот конфликт и да премине во втората фаза од официјалното објавување на арапско-израелскиот сојуз, бидејќи наскоро се ближеа изборите во ноември. Под изговор за спречување на израелската анексија на дополнителни територии на Западниот брег, Емиратите објавија дека ќе ги нормализираат односите со Израел. Потоа, по еден месец, следеше и Бахреин. Главната последица на овој процес не е стратешка, туку се рефлектира во прекинување на идеолошкото, моралното и културното табу на јавниот арапски ангажман со Израел, што се очекува да стане спорно прашање во регионалниот арапски дискурс. Арапската лига, чија единствена работа со децении беше да ги осудува израелските активности, не ги критикуваше чекорите преземени кон арапско-израелската нормализација. Факт е дека во некои земји од Персискиот залив е на власт нова генерација владетели кои немаат ист афинитет кон палестинското прашање како старите и кои имаат други приоритети дома и во странство. Овие договори за нормализација се исто така потсетување дека рамнотежата на силите во арапскиот свет се префрли од традиционалните сили ненаклонети кон Израел, како што се Сирија и Ирак, на помали сили на периферијата. Населението на Бахреин и ОАЕ учествува со нешто помалку од два милиона (не сметајќи ги странските работници) од 422 милиони Арапи. Природата на политичките системи во двете држави им овозможува на владејачките елити да склучат вакви договори за нормализација, со сила доколку е потребно, со американска поддршка и сега со зајакната израелска директна согласност. Со оглед на нејзината симболична улога во исламот и потенцијалниот политички притисок дома, Саудиска Арабија сè уште не е подготвена за нормализација, но со оглед на тоа колку саудиското раководство му должи на Трамп за својот дипломатски опстанок по убиството на Џамал Кашоги, му помогна на Бахреин да го стори тоа наместо неа. Овој пристап кон нормализацијата од врвот надолу е брзо решение или обид да се постигне брза победа и веројатно нема да го промени ставот на арапската јавност кон Израел. Ниту војниците на Бахреин и Емиратите не се бореле со Израел на бојното поле, и затоа нивното нормализирање нема значително влијание врз динамиката на арапско-израелскиот конфликт. Договорите за нормализација, сепак, имаат за цел да го поддржат арапскиот авторитаризам и да ја вратат улогата на САД од пред Арапската пролет како заштитник на арапските режими кои му се додворуваат на Израел. Ова се симболични договори што само ќе ги продлабочат регионалните поделби наместо да ги омекнат. ОАЕ би можеле да се обидат да внесат други арапски режими во оваа оска за проширување на коалицијата против Иран, а со тоа и Турција. Ова потенцијално може да ги зголеми регионалните тензии од Левант до Северна Африка. Претходните арапски обиди за нормализирање со Израел од врвот до дното беа целосно неуспешни и завршија или со конфликт, како што беше случај со Либан, или со ладен мир во случајот на Јордан. Влијание врз американската надворешна политика Во контекст на процесот на нормализација, постои јасно спојување на интересите помеѓу Трамп и оние кои присуствуваа на церемонијата во Белата куќа, бидејќи двете страни сакаат Бајден да биде поразен на 3 ноември. Некои земји од Персискиот залив и Израел се загрижени дека ако демократите се вратат на власт, најверојатно ќе ги обноват иранскиот нуклеарен договор и деловните активности на САД со Техеран. Затоа, тие го спречуваат овој потег создавајќи нова реалност на теренот. Нетанјаху и некои владетели од Персискиот залив, исто така, му ги враќаат услугите на Трамп, кој им помогна во нивните политички борби дома и во странство. Приближувањето кон Трамп и Израел потенцијално може да ги заштити ОАЕ од каков било притисок да се помири со Катар. Да се ​​има Израел за сојузник ќе му донесе поголема предност на Абу Даби во Вашингтон, дури и ако победи Бајден.  Оваа нормализација, спонзорирана од САД, исто така, покажува контрадикција во стратегијата на администрацијата на Трамп за Блискиот исток, која осцилира помеѓу поддршката на турските политики во Сирија и Либија и зајакнувањето на арапско-израелскиот сојуз што е исто толку против Анкара, колку што е против Техеран. Овој селективен пристап предизвикува тензии во источниот Медитеран и сега во регионот на Заливот наместо одржување на стабилноста и поттикнување на реформите. Во исто време, нормализацијата веројатно нема да ја направи стратегијата на САД поефикасна во заплашувањето на Иран и дури може да го зајакне наративот за иранскиот режим во арапската политика. На крајот, вистинското влијание на арапско-израелската нормализација во голема мера ќе зависи од изборната победа на Трамп и еволуцијата на израелската политика. Сепак, важно е тука да се истакне дека Нетанјаху секогаш ќе избере да ја задоволи десничарската коалиција што го држеше на власт наместо да ги задоволува неговите нови сојузници во Заливот кои сигурно не ги држат клучевите на војната и мирот во арапско-израелскиот конфликт. Значи, кога ќе се изгаснат светлата на фотоапаратот или кога Трамп ќе ја напушти претседателската канцеларија, оние што презедоа чекори кон нормализирање може да сфатат дека се откажале од преговорачката карта како бесплатен подарок, без да добијат никакви отстапки за возврат и дека регионалните договори на големите сили се повторно направени на нивна штета. Во меѓувреме, Трамп можеби треба да ги нормализира своите односи со реалноста. На крајот од првиот мандат, сегашниот претседател на САД дејствува како де факто израелски министер за надворешни работи. Нарцис, кој сака да верува дека е многу добар во склучување договори, не може да брза историска промена од личен интерес без да предизвика судири што би можеле да траат подолго од неговата желба да остане на власт. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан