Исени во посета на СВР Велес: Поголема безбедност за сите граѓани
- Во рамки на своите активности заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска го посети Секторот за внатрешни работи Велес.
Велес, 14 јули 2025 (МИА) - Во рамки на своите активности заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска го посети Секторот за внатрешни работи Велес.
На средбата со раководството на СВР Велес заменик министерот Исени бил запознаен со тековните активности на секторот и проблемите со кои се соочуваат и како истите се надминуваат, информираат попладнево од МВР.
Од таму појаснуваат дека се разговарало и за безбедносната состојба, при што биле истакнати актуелните трендови на криминал и мерките што се превземаат за негово спречување.
На крајот од посетата било нагласена посветеноста и цврстата определба за исполнување на мисијата на Министерството за внатрешни работи – обезбедување владеење на правото и безбедност за сите граѓани низ целата територија на Македонија.ад/
Фото МВР