• петок, 28 јуни 2024

Инфлацијата во Велика Британија е два отсто по три години

Инфлацијата во Велика Британија е два отсто по три години

Лондон, 19 јуни 2024 (МИА) - Инфлацијата во Велика Британија го достигна нивото од два отсто за првпат по речиси три години, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика, објавени денеска.

Се очекува владејачките конзервативци на премиерот Риши Сунак да ги искористат податоците за да покажат дека нивниот економски план „функционира“ пред парламентарните избори што треба да се одржат на 4 јули.

Националното биро за статистика соопшти дека инфлацијата, мерена со индексот на потрошувачките цени, паднала на два отсто во годината заклучно со мај од 2,3 отсто претходниот месец, при што најголем придонес за падот имаат цените на храната.

Падот на инфлацијата не значи дека цените паѓаат, тие само растат со побавно темпо отколку што беше во последниве години за време на кризата со трошоците на животот во која милиони луѓе ширум Британија паднаа во животниот стандард.

Но, премиерот Риши Сунак ја објави „одличната вест“ дека „економијата сега е на подобар пат“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан