• петок, 22 ноември 2024

Италија бара од „Гугл“ да го намири даночниот долг од една милијарда евра

Италија бара од „Гугл“ да го намири даночниот долг од една милијарда евра

Рим, 28 јуни 2024 (МИА) – Италија бара од американската технолошка компанија „Гугл“ (Google) да го намири даночниот долг и казните од една милијарда евра.

Канцеларијата на државниот обвинител во Милано тврди дека „Гугл“ не плаќал данок на приход во Италија во периодот од 2018 до 2022 година.

„Гугл“ соопшти дека соработува со италијанските власти.

Ние ги почитуваме даночните прописи во сите земји каде што работиме, вклучително и Италија, истакна портпаролот на „Гугл“.

Во 2017 година „Гугл“ на италијанските даночни власти им платил 306 милиони евра даночен долг, бидејќи врз основа на вработени било констатирано дека е регистриран во Италија.

Сегашното обвинение се заснова на дигиталната инфраструктура на „Гугл“ во Италија, што му овозможува да работи и да генерира приходи. Според неименувани извори, доколку италијанските власти се договорат со „Гугл“, Италија сите идни истраги против мултинационални компании ќе ги заснова на дигиталната инфраструктура. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан