Инспекторатот за животна средина ќе реферира за сработеното во втората половина на 2021-ва и за тековните активности
- Државниот инспекторат за животна средина денеска на прес-конференција ќе ги презентира извадоците од шестмесениот извештај за работењето на Инспекторатот во периодот јули - декември 2021 годи
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина денеска на прес-конференција ќе ги презентира извадоците од шестмесениот извештај за работењето на Инспекторатот во периодот јули - декември 2021 година.
Како што се најавува, во рамки на пресот на кој ќе се обрати директорот на Државниот инспекторат Сретен Стојковски, ќе биде даден и осврт на тековното работење и активностите на Инспекторатот. вг/лв/