• недела, 22 декември 2024

ИДФ им се извини на либанските власти за нападот на воен камион во кој загинаа тројца војници

ИДФ им се извини на либанските власти за нападот на воен камион во кој загинаа тројца војници

Тел Авив, 21 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) им се извини на властите во Либан за нападот во неделата во кој загинаа тројца либански војници во јужен Либан.

Во извинувањето се вели дека ИДФ „не се бори против либанската армија“ и дека војниците на ИДФ верувале дека гаѓале на возило на терористичката група Хезболах, пишува Тајмс оф Израел.

Извинувајќи се за овој инцидент, ИДФ наведува дека бил извршен напад врз камион кој влегол во зоната во која претходно влегол камион на Хезболах со ракети и фрлачи, а војниците не биле свесни дека камионот е на либанската армија.

Во камионот загинале либански војници кои биле на пат кон селото Аин Ебел во пограничната област кај градот Ханин.

Од почетокот на отворениот конфликт меѓу Израел и либанскиот Хезболах загинаа вкупно осум припадници на либанската армија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан