• петок, 17 мај 2024

Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година

Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година
Милано, 6 јули 2022 (МИА) – Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се договорил за нов едногодишен договор со Милан, објави „Сакј спорт Италија“. Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор во следните неколку дена и ќе ја намали својата плата на околу еден милион фунти годишно плус бонуси. Ветеранот моментално закрепнува од операцијата на левото колено и најверојатно нема да може да излезе на теренот во календарската 2022 година. Ибрахимовиќ минатата сезона забележа 27 настапи за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и три асистенции. зс/

Остани поврзан