• петок, 17 мај 2024

Ибрахимовиќ е најстариот играч во историјата на евроквалификациите

Ибрахимовиќ е најстариот играч во историјата на евроквалификациите

Стокхолм, 25 март 2023 (МИА) - Златан Ибрахимовиќ стана најстариот играч во историјата на евроквалификациите.

 

Со 41 година и 172 дена, шведскиот напаѓач се појави на теренот во 73. минута од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 одигран синоќа против Белгија (0:3).

 

Пред Златан, голманот на Италија, Дино Ѕоф, кој играше против Шведска на 41 година и 3 месеци во 1983 година, беше најстариот играч во историјата на евроквалификациите.

 

Вреди да се нагласи дека Ибрахимовиќ има 122 натпревари за Шведска и 62 гола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан