• петок, 28 јуни 2024

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја погоди северозападна Кина

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја погоди северозападна Кина

Пекинг, 20 јуни 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди автономната киргиска префектура Кизилса во областа Синџанг населена со Ујгури во северозападна Кина, соопшти денеска Кинескиот центар за регистрирање земјотреси.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во градот Атукс, на длабочина од 19 километри, објави центарот, пишува „Чајна дејли“.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени луѓе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан