• сабота, 16 ноември 2024

Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Киев, 15 ноември 2024 (МИА) - Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.

Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан