Захарова: Реакцијата на лидерот на НАТО за смртта на Навални е самооткривачка
- Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека реакциите на лидерот на НАТО за смртта на опозиционерот Алексеј Навални се „самооткривачки“.
Москва, 16 февруари 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека реакциите на лидерот на НАТО за смртта на опозиционерот Алексеј Навални се „самооткривачки“.
-Реакцијата на лидерот на НАТО за смртта на Навални во форма на директни обвинувања против Русија е самооткривачка. Форензичкото вештачење е во тек, но заклучоците на Западот се веќе готови, изјави Захарова на Телеграм.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.
-Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт, рече Столтенберг.
Канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец објави претходно денеска дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а моделот на смртта се утврдува.
Навални отслужи 30-годишна затворска казна и беше познат како остар критичар на Кремљ. мс/
фото: МИА архива