Загадувањето на воздухот најголем еколошки ризик за здравјето на луѓето
- Темата на годинашниот Меѓународен ден на чистиот воздух за сино небо, што се одбележува под покровителство на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), е „Здрав воздух, здрав
Њујорк, 7 септември 2021 (МИА) - Темата на годинашниот Меѓународен ден на чистиот воздух за сино небо, што се одбележува под покровителство на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), е „Здрав воздух, здрава планета“ која ги истакнува здравствените аспекти на загадувањето на воздухот, особено со оглед на пандемијата на Ковид-19.
Генералното собрание на Обединетите нации во 2019 година донесе Резолуција со која 7 септември е прогласен за Меѓународен ден на чистиот воздух за сино небо, со цел да привлече внимание и да ги поддржи акциите насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот.
- Загадувањето на воздухот е глобален проблем што влијае на здравјето на луѓето, здравјето на планетата и климатските промени. Мора да се осигураме дека чистиот воздух е достапен за секого, без оглед на географската локација или социо-економскиот статус. За да се постигне ова, светот ќе мора да преземе одлучни, итни мерки, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен. паг/