• сабота, 27 април 2024

Женг противничка на Сабаленка во финалето на Австралија опен

Женг противничка на Сабаленка во финалето на Австралија опен

Мелбурн, 25 јануари 2024 (МИА) - Кинеската тенисерка Чинвен Женг ќе игра во финалето на Австралија опен.

Во второто полуфинале на Грен слемот во Мелбурн, Женг попладнево ја победи Украината Дајана Јастремска со 6:4 и 6:4. Украинката настапите на Австралија опен ги започна во квалификациите.

Противничка на Женг во големото финалето ќе биде Арина Сабаленка од Белорусија.

Сабаленка го брани трофејот освоен минатата година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан