• недела, 19 мај 2024

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Крушево. Ова е седма од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ во јули 2022 година. 

Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапни преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните.

За време на престојот во Крушево, aмбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

Тој ќе присуствува и на презентација на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација’’ во центарот за параглајдингот во Крушево и ќе учествува на кафе-дебата со граѓаните на која ќе одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.

Во вечерните часови, aмбасадорот Гир ќе присуствува на отворањето на манифестацијата „Крушево – град на културата 2023’’ пред споменикот Македониум. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан