• сабота, 13 април 2024

Енергетската безбедност и подготовките за зимата 2024/25 теми на средбата на министрите за енергија на ЕУ 

Енергетската безбедност и подготовките за зимата 2024/25 теми на средбата на министрите за енергија на ЕУ 

Брисел, 4 март 2024 (МИА) - Безбедноста на снабдувањето со енергенси и подготовките за зимата 2024-2025 година ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот на ЕУ за транспорт, телекомуникации и енергија во Брисел на ниво на министрите на 27-те земји членки на Унијата задолжени за енергетскиот ресор.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, дополнително министрите за енергија ќе расправаат и за препораката на Европската комисија за продолжување на координираните мерки меѓу земјите членки за намалување на потрошувачката за гас, како и за алатките за спроведување на енергетската транзиција.

Со Советот ќе претседава белгиската министерка за енергија Тине Ван дер Страетен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, а на заседанието ќе присуствува и еврокомесарката за енергија Кадри Симсон. сп/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан