Екипи на градскиот инспекторат, пожаникарските и комуналните служби гасат подметнати пожари на депонијата во Визбегово
- Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација синоќа неколку часа ги гаснеа подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, соопшти прес службата на Град Скопје.
Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација синоќа неколку часа ги гаснеа подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, соопшти прес службата на Град Скопје.
Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот за животна средина затекна сред палење депонии лица на повеќе локации за кои е изречена глоба и изготвен поднесок до соодветните институции за одговорност. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 25 сторители.
Од Град Скопје посочувата дека досега единствено тие реагирале, иако на територијата на градот има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат, но не се постапува иако имаат законска обврска.
- Апелираме до Владата на Р. Македонија, а особено до Министертвото за животна средина за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, стои во соопштението од Град Скопје.са/
Фото: Град Скопје