• петок, 22 ноември 2024

Одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада во НОБ

Одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада во НОБ

Охрид, 11 ноември 2024 (МИА) – Со полагање цвеќе, историски час и посета на Спомен собата денеска во село Сливово беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада.

Пред паметникот се поклона и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески“, потсетувајќи дека Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ, олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година, кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

-Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот. Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата, рече Ногачески.

Формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада на 11 ноември 1943 година за историчарите од НОВ претставува круна на Народноодлободителното движење во регонот, оттаму што означува формирање едно борбено национално тело за борба против фашизмот, што од Дебрца се повеќе се омасовува на територијата на цела Македонија.

Првата Македонско-косовска пролетерска ударна бригада состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. Бригадата броела околу 700 борци.

Инаку, денешниот ден е и патронен празник на ООУ „Дебрца” во Белчишта, што учениците и наставниците го прославија со пригодна свеченост организирана под мотото „Ах љубов, сладок сон”. аб/дма/

фото/МИА

 

Остани поврзан