• понеделник, 23 декември 2024

Прва форумска сесија од Буџетскиот форум во Берово

Прва форумска сесија од Буџетскиот форум во Берово

Берово, 11 ноември 2024 (МИА) - Во Берово денеска се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум, на која граѓаните имаа можност да учествуваат во процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2025 година.

Од Општината сесијата почна со запознавање на граѓаните со начинот на креирање на самиот Буџет.

-Околу 40 граѓани, преставници од месните заедници и од институциите на локално ниво и сите кои изразија желба за учество, имаа можност да дадат свој предлог, кој понатаму ќе се разработува, и ќе биде дел од програмите за 2025 година, информираат од Општината.

На следната форумска сесија, граѓаните ќе имаат дирекна можност да гласаат кои предлози од понудените, ќе влезат во одредена програма за реализација 

-Притоа од неколкуте работни маси, произлегоа повеќе предлози меѓу кои прашања кои ги засегаат младите како отворање на младински центар, обнова на кајакарскиот клуб на Беровско езеро. Во делот на комуналната дејност го издвојуваме проектот за набавка на типски бараки за продажба на локални производи. Сите останати предложени проекти се објавени на Општинската веб страница, додадоа од Општината. 

Од локалната самоуправа потенцираат дека програмата „Форуми во заедницата“ е повеќегодишен проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во нивната општина.вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан