• петок, 22 ноември 2024

Евроамбасадорот Гир во посета на Општина Охрид, средба со градоначалникот Пецаков

Евроамбасадорот Гир во посета на Општина Охрид, средба со градоначалникот Пецаков

Охрид, 6 март 2024 (МИА) – Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска престојуваше во посета на Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пецаков, на средбата било разговарано за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Притоа амбасадорот Гир ги поздравил заложбите и успешното менаџирање на Општината.

Соговорниците разговарале и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО, како и за соработката на локалната самоуправа со владините институции.
Амбасадорот Гир ја поздравил и реализацијата на проектите финансирани од Европската унија, особено оние што се однесуваат за поранешниот простор од охридската Касарна, при што било разговарано било за понатамошниот развој на таа локација.

Пецаков го информирал амбасадрот со идните проекти предвидени да се реализираат на тој простор, а тоа е префрлањето на ОУ „Кочо Рацин“, изградбата на адреналински парк, како и дополнување на „памп-ап“ траката, при што Гир изразил силна поддршка за нивна реализација. аб/са/

Фото: Општина Охрид

 

Остани поврзан