Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ на средба во СВР Куманово и Меѓународен аеродром Скопје
- Директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) денеска, во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“, остварија работни посети на полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје и на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде од страна на раководствата на СВР Куманово и на Регионалниот центар Север, беа информирани за безбедносната состојба на подрачјето, која е поволна.
Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) денеска, во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“, остварија работни посети на полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје и на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде од страна на раководствата на СВР Куманово и на Регионалниот центар Север, беа информирани за безбедносната состојба на подрачјето, која е поволна.
-На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во првата половина од 2023 година вкупниот криминалитет бележи намалување за 21,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година, при што особено се издвојува сегментот на класичниот криминал, каде СВР Куманово бележи зголемена ефикасност од 30,5 отсто во однос на лани, соопшти МВР.
На средбата, се вели во соопштението, посебно беше потенцирана работата на Одделот за криминалистичка полиција од почетокот на кампањата „Безбедно лето 2023“, во рамки на која при претреси на повеќе локации во Куманово, во домови и други простории биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.
-СВР Куманово, исто така, бележи и намалување на бројот на пријави во областа на јавниот ред и мир во текот на првото полугодие од 2023 година во однос на минатата година, при што е регистрирано намалување од 15,3 отсто на прекршоците за кои се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка. Во анализираниот период, на подрачјето на СВР Куманово за првите шест месеци од годината има намалување на вкупниот број на сообраќајни незгоди, а намален е и бројот на сообраќајни незгоди кои се случиле во населено место и тоа за 21,7 отсто, се вели во соопштението од МВР.
Директорот Тасевски, се додава, ја посети и ПС за ГП Меѓународен аеродром Скопје, која е дел од Регионалниот центар за гранични работи „Север“. Според споделените информации, во периодот од првата половина од оваа година на овој граничен премин поминале вкупно 1.228.402 патници, а низ целата северна граница забележан е тренд на зголемување на протокот на патници во однос на лани за 21,4 отсто.
-Оваа полициска станица за граничен премин во анализираниот период има реализирано 12 случаи на употреба на фалсификувани документи и 13 случаи на послуги со туѓи документи, а согласно месечните планови за откривање и спречување на прекуграничен криминал на Меѓународен аеродром Скопје откриени седум случаи на прекуграничен криминал, и тоа главно во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и криумчарење акцизни стоки, се потенцира во соопштението од МВР. вј/дма/
Фото: МВР